Маневарот на Клаудио Лотито е неуспешен и сопственикот на мнозинскиот пакет акции во два клуба од Серија А, Лацио и Салернитана, доби ултиматум од Фудбалската федерација на Италија, ФИГЦ, до сабота да одлучи во кој од двата клуба ќе биде прв човек.
Ќе настрада Салернитана, екипа која во минатата сезона од Серија Б успеа да се пробие во највисок ранг на натпревари. Клаудио се обиде да ја протне варијантата со неговиот син Енрико и со внукот Марко Мецарома како сопственици на Салернитана, но не успеа.
Сега има време уште 4 дена да најде чаре за да остане само во еден клуб. Во Лацио има околу 67 отсто од акциите, долго е во клубот од Рим, па јасно е дека ќе настрада екипата од Салерно.
Салернитана ќе има проблеми да најде чаре до почетокот на сезоната со нов сопственик што ќе ја предводи во Серија А.