Ваква фудбалска метла немало досега – Лотито нареди да се продадат неверојатни 18 играчи за една седмица

Лацио стартуваше победнички во Серија А, го надигра Емполи на гости во првото коло, но функционерите во клубот од Рим се на маки по одлуката на Клаудио Лотито да се продадат дури 18-мина играчи до крајот на преодниот рок.

Тоа значи дека сите што се на списокот на Лотито, треба да си заминат од клубот во рок од една седмица.

За Аргентинецот Хоакин Кореа веројатно нема да има проблеми и тој може да биде најскапиот играч на Лацио што ќе биде продаден во крајот на летниот трансфер-период и за него има интерес.

Останатите 17-мина не се во прв план кај тренерот Маурицио Сари, освен можеби Каиседо, кој има добро фудбалско педигре, но беше резерва на премерниот меч против Емполи.

„Имаме фудбалери за три тима, и тоа е премногу. Ќе мора да продадеме многумина играчи за да ги намалиме непотребните трошоци. Поголем дел од нив не играат за Лацио и можеби ќе успеат да најдат минутажа во други клубови“, изјави Лотито.

 

 

- Оглас -

Најнови вести