Ловрен им даде поддршка за динамовци пред дуелот со Сити

Хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен, кој е член на Ливерпул, допатува во Манчестер за да ја посети експедицијата на Динамо Загреб и на своите сонародници им посака среќа на вечерашниот меч на „Етихад“.

Динамо гостува кај силниот Манчестер сити и по убедливата победа над Аталанта, Модрите се надеваат на уште едно тактичко изненадување и сензационален резултат. Сити е еден од најсилните тимови на светот, има голем број квалитетни играчи и со каков состав и да излезе на терен, ќе биде голем фаворит.

Играчите на Динамо, меѓу кои и нашиот репрезентативец Аријан Адеми, добија совети од Ловрен, кој има големо искуство од играње против Граѓаните од Манчестер. Секако, и тренерот Ненад Бјелица доби „разузнавачки“ информации околу тоа каде се слабите точки на Сити.

 

- Оглас -

Најнови вести