Ловрен: Сакаме да нè паметат како Барселона

Дејан Ловрен, дефанзивецот на Ливерпул, смета дека овој тим предводен од Јирген Клоп може да ја продолжи доминацијата и во следните неколку години. Хрватскиот стопер во интервју за „Скај спортс“ истакна дека Црвените нема да застанат и по освојувањето на титулата во Премиер лигата, која е речиси осигурена со оглед на бодовната предност.

„Ни беа потребни 2-3 години да се воиграме, а оваа сезона резултатите докажуваат дека одлично се разбираме на теренот како екипа. И лани бевме исто така квалитетни, останавме без титулата за еден бод, но напредокот е очигледен и сме гладни за успех. Сакаме да нè паметат како Барселона, која за 4 години освои 20 трофеи, сметам дека можеме тоа да го направиме“, вели Ловрен.

По освоената шеста титула во Лигата на шампионите, Ливерпул оваа сезона е на прагот да го донесе толку посакуваниот шампионски пехар на „Енфилд“, кој веќе 30 години навивачите го чекаат.

 

- Оглас -

Најнови вести