Ловро Мајер е незадржлив за нашата одбрана, постигна и втор гол пред полувремето

Фудбалската репрезентација на Хрватска има предност од 2-0 против Македонија по првото полувреме од пријателскиот натпревар на „Рујевица“ во Риека. Двоен стрелец за Коцкестите е Ловро Мајер.

Фудбалерот за врска е незадржлив за македонската одбрана. Откако првиот гол го постигна во десеттата минута од слободен удар, Мајер уште еднаш ја тресеше мрежата на Столе Димитриевски и во 45-тата минута.

Тоа беше одлична акција на Хрватите, а Ловро Мајер на рутински начин погоди на посакуваното место, испраќајќи ја топката зад грбот на Столе Димитриевски.

 

- Оглас -

Најнови вести