31.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Лозана има стадион каков што фали во Македонија (Видео+фото)

СпортМанија во Лозана

Екипата на Лозана не е од самиот врв во швајцарскиот фудбал. Овој тим до пред две години играше во Втората лига, а минатата сезона успеа да заврши на петтото место на табелата во елитното домашно натпреварување и се избори за место во Конференциската лига на УЕФА, каде што денеска е домаќин на скопски Вардар.

„Стад де ла Тулие“ е стадионот на којшто игра Лозана како домаќин. Се работи за стадион кој е како „бомбона“. Има четири трибини, нема атлетска патека и е типичен фудбалски стадион.

Капацитетот е 12.500 гледачи, сосема доволно за тим каков што е Лозана. Стадионот „Стад де ла Тулие“ започнал да се гради во 2017 година, а отворен е во 2020 година.

Освен внатрешниот дел, стадионот одлично е опремен и функционира и однадвор. Има неколку кафетерии и места на коишто може да се купат алкохолни и безалкохолни пијалоци, има место каде што може да се купи јадење и фудбалски сувенири. Тука е и маскотата која е дел од фудбалскиот клуб на Лозана, да ги забавува најмладите фанови.

Едноставно ваков стадион фали во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести