32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Лозана ја прекина непобедливоста на Вардар

Вардар одигра слаб натпревар во Лозана, загуби со убедливи 5-0 и доживеа елиминација од швајцарскиот претставник во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Сѐ што беше добро на првиот меч во Скопје го растурија и го прокоцкаа лесно во Лозана.

На стадионот „Тулиер“ во Лозана падна и непобедливоста на Вардар. Вардарци дури 21 натпревар не знаеја за пораз. Забележаа 14 победи и седум ремија, но вечерва се случи дебакл на мечот со Лозана.

Сега на Вардарци не им преостанува ништо друго освен да се посветат на стартот на новата сезона во Првата лига и премиерниот меч против Пелистер на Националната арена „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести