23.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Капитенот Закариќ во турбо ритам се врати на тренинг! (Фото)

Вардар дефинитивно ќе биде посилен за својот капитен Горан Закариќ на реванш-мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против Лозана. Најтрофејниот македонски клуб победи со 2:1 на дуелот во Скопје минатиот четврток и сега се подготвува да ја одбрани таа предност на реваншот во Швајцарија.

На првиот меч во Скопје, во Вардар го немаше капитенот Горан Закариќ, кој заработи повреда на прстот на ногата од претходната средба со Ла Фиорита во Сан Марино. Токму затоа Закариќ од клупата за резервни играчи го проследи дуелот против Лозана.

Но, сега Закариќ е подготвен. Повредата е минато и офанзивниот играч на Црвено-црните максимално ги одработува последните тренинзи пред утрешното тргнување на Вардарци кон Лозана.

Со Закариќ во составот, Вардар сигурно добива уште еден адут во нападот, каде што одлично расположен во европските мечеви е Азер Омерагиќ.

Вардар во Скопје покажа дека може да се надигрува и да победи ривал кој има деветпати поголем финансиски буџет како што е екипата на Лозана. Сега останува на реваншот в четврток да се комплетира мисијата и Вардар да се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести