31.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Лозана поведе со 1:0, сега Вардар веќе нема предност

Фудбалерите на Лозана водат со 1:0 на свој терен против Вардар во реванш-мечот од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Со овој резултат сега има вкупни 2:2, ако се знае дека Вардар славеше со 2:1 на првата средба во Скопје.

Дефанзивецот Ноа Дусен погоди со глава по еден корнер на домашниот тим во 16-тата минута.

Вардар имаше одлична шанса да израмни во следниот напад, но Азер Омерагиќ не успеа да погоди од непосредна близина.

По првите 20 минути, Вардар упати четири шута кон голот на домаќините, додека Лозана шутна трипати, но даде гол, и тоа од првиот корнер што го изведе.

- Оглас -

Најнови вести