Следниот противник на Вардар во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, екипата на Лозана пристигна во Скопје. Експедицијата на швајцарската екипа попладнево долета во главниот град на Македонија, каде што ги дочека пеколно жешко време и температури над 40 степени.
Играчите на Лозана веднаш по пристигнувањето во Скопје, со автобус заминаа во нивната база во хотелот кој е во близина на арената „Тодор Проески“, а вечерва ќе го имаат и официјалниот тренинг пред утрешниот меч против Вардар.
На својот твитер-профил, од Лозана постираа видео од нивното патување кон Скопје, а пораката што ја пренесоа беше на македонски јазик и порачаа „Здраво Скопје“.
👋🏼 Zdravo Skopje 🇲🇰#allezlausanne #pournoscouleurs pic.twitter.com/8S0ttuHgVk
— FC Lausanne-Sport (@lausanne_sport) July 23, 2025