Екипата на Лозана спорт која е противник на Вардар во второто квалификациско коло од Конференциската лига, со победа тргна во новата сезона во швајцарското првенство.
Денеска Лозана на драматичен начин дојде до победа од 3-2 над Винтертур, а јунак беше 19-годишниот Гаосу Диаките кој даде два гола. Фудбалерот од Мали кој игра како позајмен од Салцбург, беше стрелец за Лозана и во Скопје против Вардар, што укажува дека тој ќе биде најголема закана за Црвено-црните в четврток на реваншот.
Винтертур водеше 1-0 на полувреме, имаа предност и од 2-1, но Лозана во последните десет минути најпрвин изедначи, а потоа во судиското продолжение кога имаше ловел повеќе на терен, дојде и до пресврт и победа која бурно се славеше.