Лозано слабо пее кај Гатузо, Мексиканецот го налути Рино и е отстранет од тимот

Џенаро Гатузо го отстранил Ирвинг Лозано од тренинг поради недоволно залагање, а Мексиканецот е казнет и тренирал одвоено од соиграчите.

Мексиканецот го налутил популарниот Рино и главната забелешка е дека нема напредок кај ланското скапо засилување на Наполи.

Лозано пристигна минатото лето во Неапол, речиси истовремено со Елиф Елмас, а италијанскиот шампион го чинеше 50 милиони евра што беа уплатени на сметката на ПСВ Ајндховен.Тоа е рекорден трансфер во клупската историја на холандскиот гигант.

Иако беше најавуван како големо засилување, Лозано досега одигра само 136 минути за Наполи и не покажа речиси ништо од раскошниот талент.

Дојде во Неапол како прв стрелец на ПСВ во сезона во која постигна 17 гола и имаше 8 асистенции и потпиша петгодишен договор, но многу малку игра, а сега според казната од Гатузо, слабо се залага и на тренинзите.

Наполи утре од 21 часот на „Олимпико“ во Рим го игра финалето на Италијанскиот куп против Јувентус, а Лозано веројатно нема да биде во составот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести