Откако првиот дел од мечот помеѓу Тиквеш и Вардар заврши без голови, 0-0, најмногу „возбудувања“ имаше на полувремето.
Навивачката група „Лозари“ започна да фрла петарди на теренот, по што реагираше делегатот и ги опомена дека мечот ќе биде прекинат доколку продолжат инцидентите.
Дел од навивачите завршија и со лисици на рацете и веројатно во полициска станица.
На полувремето интервенираа и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, како и претседателот на Тиквеш, Миле Масларков, кои ги замолија навивачите да се смират, а натпреварот регуларно да заврши.