Аталанта ја оствари четвртата победа во Лигата на шампионите оваа сезона триумфирајќи против Штурм со 5-0. Тимот на Џанпјеро Гасперини доминираше во текот на целиот натпревар, а со оваа победа стигна и до 14 освоени бода во елитното европско клупско натпреварување.
Матео Ретеги го отвори резултатот во 12-тата минута, а останатите три гола беа постигнати во вториот дел. Марио Пашалиќ во 58-мата минута зголеми на 2-0, третиот гол беше дело на Шарл де Кетеларе, а серијата ја заокружија Лукман и Брешијанини во финишот од дуелот.
Монако на домашен терен стигна до важен триумф против Астон вила (1-0). Стрелец на единствениот гол беше дефанзивецот Вилфрид Синго во осмата минута од мечот.