ЛШ сè уште не е започната, а Њукасл веќе ги прекршил правилата и се соочува со казна

Екипата на Њукасл се соочува со казна од УЕФА поради кршење на правилата иако Лигата на шампионите сè уште не е започната. Тие го прекршиле членот 73, според кој екипата мора да ја одржи задолжителната прес-конференција на ден пред натпреварот.

Тие тоа не го направиле бидејќи нивниот авиот од Англија за Италија доцнел два часа и 15 минути и во моментот кога требало да бидат на прес-конференција, тие биле на небото над Франција. Сепак, ова не е оправдување за УЕФА бидејќи од клубот требало да ги известат за ваквата ситуација, но поради недостиг на комуникација, тоа не го сториле.

Од УЕФА биле толку лути, што дури им забраниле на фудбалерите на Њукасл да го одржат официјалниот тренинг пред натпреварот на „Сан Сиро“, а со сигурност ги очекува и парична казна за ваквиот пропуст.

- Оглас -

Најнови вести