Ниту ВАР-системот на му помогна на Реал Мадрид од трет гол во мрежата на Куртоа, а го постигна, и тоа на прекрасен начин, Душан Тадиќ. Ајакс веќе води со неверијатни 3-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и е на прагот на четврт-финалето во ЛШ.
Претходно, при акцијата за третиот гол во 62-рата минута спорно беше дали топката по стартот на Мазрауи е во аут, но по консултација со ВАР-ситемот, беше признат евроголот на Тадиќ.
Најдобриот стрелец на Тотенхем, Хари Кејн, погоди во 48-мата минута на реваншот со Борусија во Дортмунд и стави точка на двомечот, бидејќи сега лондончани имаат предност од 4-0.
Ајакс води во Мадрид со 2-0 со головите на Хаким Зијеч во седмата минута, по одличната акција со Душан Тадиќ и на Давид Нерес, повторно на додавање на Тадиќ. Гостите почнаа одлично, како по ноти во обидот да го урнат Кралот и да ја анулираат негативата од 1-2 од првиот осминафинален меч против актуелниот европски првак.
https://www.youtube.com/watch?v=MQ3gf3PccOs