Ждрепката за плејоф-фазата во Лигата на шампионите состави потенцијален пар меѓу Црвена ѕвезда и Динамо Загреб.
Доколку српскиот првак го елиминира Шериф во третото коло, а хрватскиот шампион за кого играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски го стори истото против Легија Варшава, двата стари ривали од југословенските простори ќе се сретнат во двомеч во кој подобриот ќе се пласира во групната фаза од сезоната 2021/22 во Лигата на шампионите.
ЛШ парови плејоф:
Салцбург – Брондби
Клуж/Јанг бојс – Ференцварош/Славија Прага
Малме/Ренџерс – Олимпијакос/Лудогорец
Црвена звезда/Шериф Тираспол – Динамо Загреб/Легија Варшава
Монако/Спарта Прага – Генк/Шахтар Доњецк
Спартак Москва/Бенфика – ПСВ Ајндховен/Митјиланд