Љубителите на снукерот на готовс, вечерва по девет години се враќа еден од најголемите во историјата

Единствениот снукер играч во модерната ера кој има повеќе светски титули од Рони О‘Саливен, големиот Стивен Хендри по пауза од девет години, вечерва за првпат ќе настапи на професионален турнир и ќе има дуел со Метју Селт на Гибралтар опен, кој се игра во Милтон Кејнс.

Враќањето на 52-годишниот Хендри повторно ја разгоре дебатата кој е најдобар во историјата на овој спорт. Според популарноста и бројот на троцифрени и максимални брејкови, тоа е Англичанецот О‘Саливен, но Шкотланѓанецот Хендри држи неколку рекорди, како што се: бројот на титули светски првак во модерната историја, бројот на освоени турнири, најмлад светски првак, најмногу години завршени како број 1 на светската ранг-листа.

Хендри доминираше во 90-тите, од 1990 до 1999 година освои дури седум светски титули, но по 27 години кариера, од 2012 година нема играно на турнир, па затоа и неговиот вечерашен противник Селт е фаворит на хартија според квотите на обложувалниците, но самиот тврди дека пред да почне мечот, ќе му се тресат нозете од трема. Во Sport Life, квотата за победа на големиот Хендри е 3.20.

„Сега ги уфрлам куглите подобро отколку кога се повлеков, но тоа ништо не значи, немам големи очекувања. Пријатели сме со Селт, ќе биде под притисок, но не верувам дека може да загуби од мене“, рече Хендри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести