Љуботен и Саса одиграа возбудливо реми и останаа на исто растојание на врвот во женската лига (Видео)

Двете водечки екипи во Првата женска фудбалска лига на Македонија, Љуботен и Саса, одиграа возбудливо реми, 2-2, во Тетово. Бранителот на трофејот останува лидер со бод предност пред екипата од Македонска Каменица, а до крајот на првенството има уште седум кола, во кои ќе се одлучува шампионот на Македонија.

Саса двапати водеше во Тетово, најпрво со 0-1 преку Туане де Соуза, а потоа и со 1-2 со голот на Ана Димитровска, но Љуботен успеваше да израмни преку Елена Симјанова на 1-1, а потоа и со голот на Чеури Гоја од пенал и на 2-2.

Резултати:

Љуботен – Саса 2-2
Речица – Тиверија 1-6
Ас Јунајтед – Шкендија 2-5
Цевитана – Скопје 0-3
Топ Гол – Истатов 5-2

Табела: 1. Љуботен 51, 2. Саса 50, 3. Тиверија 41, 4. Ас Јунајтед 39, 5. Скопје 32, 6. Шкендија 19, 7. Истатов 18, 8. Топ Гол 14, 9. Цевитана 13, 10. Речица 10.

- Оглас -

Најнови вести