Љуботен и Тиверија Брера денес играат за трофејот од женскиот фудбалски Куп на Македонија

Екипите на Љуботен и Тиверија Брера попладнево во Скопје ќе играат во финалето од женскиот фудбалски Куп на Македонија. Мечот се игра на стадионот на ФФМ во 14 часот, а влезот ќе биде бесплатен.

Љуботен го освојуваше Купот на Македонија последните две сезони и нема пораз во финалните натпревари, додека Тиверија има еден трофеј, освоен во 2018 година, но и два пораза во финалните мечеви.

Екипата од Тетово последните три сезони е шампион на Македонија, а оваа сезона има пет бода предност токму пред Тиверија Брера во битката за титулата.

Она што е интересно, и двете екипи до финалето од Купот на Македонија стигнаа без да примат погодок. Љуботен ги победи Порече (21-0), Вардар (8-0) и Каменица Саса (2-0), додека Тиверија Брера беше подобра од Билјанини Извори (21-0), Атлетико (5-0) и Скопје (1-0).

- Оглас -

Најнови вести