Актуелниот и четирикратен женски фудбалски шампион на Македонија, Љуботен, продолжува со одличните игри во домашното првенство. Екипата од Тетово во шесттото коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија славеше со 1-5 на гостувањето кај Речица и го задржа максималниот ефект.
Љуботенки имаат и фантастична гол-разлика од 30 дадени и само два примени гола на шест меча, односно во просек постигнуваат по пет гола на натпревар.
На останатите натпревари, Скопје со минимални 1-0 славеше над струшки Ас јунајтед, Тиверија ја совлада Саса со 2-1, Истатов беше најубедлив и победи со 0-8 на гостувањето кај Кочани, а во дербито на дното, Топ Гол и Вардар одиграа 0-0.