Женскиот фудбалски клуб Љуботен доминира на домашна сцена во последните четири години освојувајќи четири трофеи во првенството и три во Купот, а последниот пораз во кое било натпреварување го доживеаја точно пред 283 дена, односно на 27 ноември минатата година.
Екипата од Тетово испиша историја на квалификацискиот турнир во Скопје, победи против НСИ Рунавик и Пјуник, па за првпат во историјата на женскиот фудбал во Македонија успеа да ја мине групата. Сепак, сега на патот кон нов успех им стои екипа која во минатото играше и во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Шампионот на Шведска, Розенгард, е апсолутен фаворит против Љуботен, а за тоа говори и квотата во Sport Life. Победата на Швеѓанките има квота од 1.05, додека изненадување и победа на Љуботен има неверојатна квота од 22.00. Доколку верувате дека мечот може да заврши нерешено и да оди на продолженија, квотата е 11.80.