Љуботен со „сет“ голови за Ас во дербито на колото, Саса со крајни напори до победата над Скопје (Видео)

Бранителот на трофејот во Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на Љуботен од Тетово, забележа убедлива победа од 6-1 во дербито на 16-тото коло против Ас Јунајтед од Струга.

Неизвесност имаше само во првото полувреме од натпреварот кое заврши нерешено, 1-1, откако Љуботен поведе преку Викториа Талита, а стружанки израмнија преку Максути.

Во вториот дел комплетна доминација на актуелниот шампион, кој успеа да постигне уште пет погодоци во мрежата на Ас Јунајтед. Присила Едите постигна два погодоци, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Николовска, Петкова и Марковска.

Второпласираната екипа на Каменица Саса со крајни напори дојде до победата над екипата на Скопје со 1-0 и така го задржа чекорот во борбата за титулата. Единствениот гол на мечот во Македонска Каменица беше дело на Маринковска во 80-тата минута.

Резултати:

Топ Гол – Шкендија 2-0
Саса – Скопје 1-0
Тиверија – Истатов 5-0
Речица – Цевитана 3-1
Љуботен – Ас Јунајтед 6-1

Табела: 1. Љуботен 41, 2. Саса 40, 3. Тиверија 35, 4. Ас Јунајтед 35, 5. Скопје 25, 6. Истатов 15, 7. Цевитана 13, 8. Шкендија 10, 9. Топ Гол 9, 10. Речица 8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести