Свети Валентин, денот на вљубените кој се прославува на 14 февруари, беше повод за најдобриот фудбалер според „Франс фудбал“ за 2022 година, Карим Бензема, да се покаже каков шмекер е тој.
Напаѓачот на Реал Мадрид им подарил букети со рози на три различни жени. Тоа се: Џордин Озуна, која е негова сегашна партнерка, Кора Готје, која е мајка на неговиот син, и Клои Де Лоне, која му е прва жена и мајка на неговата ќерка.