Љубовта кон клубот нема граници: Тешко болни навивачи беа дел од прославата на титулата во Ротердам

Цели шест години екипата на Феенорд и градот Ротердам чекаа да се израдуваат на шампионско фудбалско славење. По победата од 3:0 над ГА Иглс, Феенорд и теоретски ја обезбеди титулата, што беше знак дека може да започне големо славење. За Феенорд ова е 16-та титула во клупската историја, а само втора во последните 24 години.

Во центарот на градот се случи „фештата“, на која присуствуваа илјадници навивачи заедно со фудбалерите на нивниот омилен клуб.

Неверојатни беа сцените кога меѓу навивачите кои славеа титула беа и неколкумина тешко болни фанови на Феенорд, кои на прославата беа доведени со болничките кревети. Едноставно, тоа е доказ дека љубовта кон клубот нема граници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wedkantine (@wedkantine)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести