Францускиот голман на Милан, Мајк Мењан, и во следните пет години останува на „Сан Сиро”, откако италијанските медиуми објавија дека двете страни се пред потпис на нов договор.
Актуелниот договор на Французинот истекува на крајот на оваа сезона, но тој сега ќе добие нов, далеку побогат договор со Милан.
Мењан во Милано пристигна од Лил за сума од 16,4 милиони евра пред пет години, а неговата моментална вредност се проценува на 25 милиони евра.

