Прославениот романски фудбалски тренер и довчерашен селектор на Романија, Мирчеа Луческу, доживеа втор срцев удар за еден ден и наводно животот му виси на конец на 80-годишниот стручњак.
Вториот срцев удар се случил кратко откако Универзитетската болница во Букурешт објави дека состојбата на Мирчеа Луческу се стабилизирала и дека тој е под строг надзор на специјалисти.
На 29 март Луческу беше итно бил хоспитализиран откако ја загубил свеста за време на тренинг на репрезентацијата. Романија не успеа да се квалификува за Светското првенство во 2026 година.
Според романски медиуми, семејството сака да го премести Луческу во болница во Виена, Австрија. Но, за да ја реализира идејата, на семејството на „Ил Луче“ ќе му треба одобрение од раководителот на одделот за кардиологија на Универзитетската болница во Букурешт.
„Моментално, неговата состојба е стабилна, под строг специјалистички надзор. Пациентот останува хоспитализиран на Одделот за кардиологија, каде што добива соодветна медицинска нега“, се вели во соопштението на Универзитетската болница.

