Легендарниот романски тренер, Мирчеа Луческу, се најде во центарот на вниманието во украинските медиуми после едно интервју на некогашниот портпарол на Шахтар, Руслан Мармазов. Мармазов раскажа една случка за интересна реакција на тренерот кога ги начекал фудбалерите како во хотел носат проститутки.
„Тимот беше на подготовки во Шпанија, на играчите им беше здодевно, и повикаа проститутки во хотелот. Мирчеа некако дозна за нивниот план, и се појави токму кога гостинките пристигнаа. Сите беа изненадени и чекаа лекција од тренерот, а тој со мирен тон им рече: Момци, платете им на девојките, и нека си одат, а вие одете во кревет“ – вели Мармазов.
Луческу од 2004 до 2016 седеше на клупата на клубот од Доњецк, а сега го води Динамо Киев. Вечерва Динамо во Монца игра контролен меч против италијанскиот првак Интер, но Луческу нема да го води тимот од клупата, затоа што неодамна имаше операција. Романецот преку телефон ќе се координира со своите соработници.