Луческу: Веќе никогаш нема да работам во Русија, со свои очи го видов хоророт во Украина

Романскиот тренер Мирчеа Луческу, кој според бројот на освоени титули е меѓу најтрофејните стручњаци во историјата на фудбалот, рече дека не би работел во Русија, од почит и љубов кон Украина.

Луческу кој има 78 години, а сега е без ангажман откако се раздели со Динамо Киев, во минатото има работено како тренер на руски Зенит.

„Имам почит кон сите држави, но ако ме прашувате за враќање во Русија, ќе ви одговорам дека никогаш не би работел во земја која предизвикува зло. Не сакам во Украина да ме сметаат за непријател. Додека бев во Динамо, бев единствен странски тренер кој остана во Украина за време на војната, и со свои очи ги видов сите хорори кои ги направи Русија. После такво нешто, не може да се зборува за мое враќање во Русија. Мојот сон е да има мир во Украина, сакам безбедност, полни стадиони и просперитет на таа прекрасна земја“ – рече Луческу, кој нема намера да се пензионира, туку е во потрага по нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести