Репрезентациите на Франција и Германија играат неверојатен меч во четвртфиналето на ракометниот турнир. Домашната селекција на Франција беше пред победа во регуларниот дел, но Германците на неверојатен начин се спасија.
На 13 секунди до крајот Франција водеше со 29:27, кога беше досуден пенал за Германија, кој го реализираа. Потоа времето беше сопрено на седум секунди до крајот и Французините требаше само да ја задржат топката во свој посед за да победат.
Сепак тоа не се случи. Германците успеаа да ја „украдат“ топката и буквално во последната секунда да погодат за нерешено и да се изборат за продолженија.