Луд финиш на „Енфилд роуд“: Ливерпул победи со гол во 98-мата минута (Видео)

Ливерпул на неверојатен начин стигна до победа на својот „Енфилд роуд“ во дуелот против Њукасл со 2:1, во меч од петтото коло на Премиер лигата. Англискиот гигант доминираше на теренот, создаваше шанси, имаше многу шутеви и со гол буквално во последната секунда стигна до победа.

Њукасл беше тимот кој прв се израдува на погодок. Во 38-мата минута, новото засилување на Њукасл, Александер Исак, во дебито успеа да постигне гол, и тоа против Ливерпул на гости за предност на Чавките.

Ливерпул израмни во 61-вата минута, кога Фирмино погоди по асистенција на Салах. Во продолжение на мечот, домаќините напаѓаа, имаа над 70 отсто посед на топката, дури 19 шута кон противничкиот гол, но втор погодок немаше. Така беше сè до 98-мата минута, кога Ливерпул го изведе 13-тиот корнер, а Карвалјо даде гол за ерупција кај домашните фанови.

- Оглас -

Најнови вести