Флензбург среќно дојде до победата од 21-20 на гостувањето во германскиот ракометен шампионат против Бергишер, со гол на Швеѓанеџот Џим Готфридсон во последната секунда и тоа од прекин. Тој ги надмудри живиот ѕид и голманот, и со прецизен и силен шут, донесе голема радост за својата екипа.
Пред некој месец и Кирил Лазаров даде ваков сличен гол во француското првенство. Ваквите голови не се баш чести во ракометот, но Готфридсон си заслужи голот да го видат и надвор од Германија.