Луд и лут е Кирјос: Исфрли ја жената во жолто, има испиено 700 пијалоци (Видео)

Ник Кирјос ја прокоцка предноста од 1:0 во сетови против Новак Ѓоковиќ и сега губи со 1:2 во финалето на Вимблдон, а во третиот сет имаше реакција во негов стил.

Луд и лут беше Австралиецот и побара од судијата да исфрли жена во публиката што според неговите зборови постојано му пречеше.

„Исфрли ја жената во жолто. Изгледа како да испила 700 пијалоци“, рагираше Кирјос кон судијата.

Австралиецот го доби првиот сет со 6:4, но потоа се разигра актуелниот шампион Ѓоковиќ и со 6:3 израмни на 1:1 во сетови.

Во третиот сет се случи клучниот момент во финишот кога при резултат 4:4, Кирјос имаше 40:0, но го загуби сервисот и потоа Ѓоковиќ сигурно го потврди брејкот и поведе со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести