Унион Санта Фе го изненади гигантот Бока јуниорс во драматичен меч на култната „Ла Бомбонера“, а кулминацијата се случи во 105 минута во долгото судиско продолжение.
При резултат 1:1 во 101 минута беше досуден пенал за гостите и во првиот обид Хавиер Гарсија, голманот на Бока го одбрани ударот.
Судијата означи крај на мечот, но се случи чудо и Унион Санта Фе доби втора шанса. Судијата процени дека Гарсија предвреме го напуштил голот и ја минал гол-линијата што не е дозволено, па во повторениот удар Филип Тројански погоди во 105 минута за победа на гостите од 2:1.
The wild finish at La Bombonera. Boca keeper Garcia thought he secured a point with a 101st minute penalty save. Troyansky would win it for Union Santa Fe on the retake, after the final whistle. An emotional night for Boca as they celebrated Riquelme’s 44th birthday, and a melee followed the winner. from soccer
По мечот имаше инцидент на терен меѓу домашните и гостинските играчи, а со победата од 2:1 Унион Санта Фе ја расипа прославата на 44. роденден на легендата на Бока јуниорс, Хуан Роман Рикелме.