Лидс приреди гоем подвиг и направи фантастичен пресврт за победа од 3:2 на гостувањето кај Вулверхемптон.
На „Молињу“ популарните Волци водеа со 2:0 со головите на Џони и Тринкао во првото полувреме кое траеше цели 11 минути подолго, најмногу поради повредите на играчите на Лидс.
Џони погоди во 26. минута, а Тринкао во 45+11, а патем Бамфорд, Клих и Љоренте поради повреди беа заменети кај гостите.
Сепак и со вакви проблеми Лидс успеа да постигне три гола во второто полувреме за победа од 3:2.
Клучно беше исклучувањето на Раул Хименес во 52. минута и Волците со 10 играчи на терен беа лесен залак за гостите.
Харисон и Родриго набрзина со два гола за 180 секунди израмнија на 2:2, а Лук Ајлинг во 91. минута го запечати големиот пресврт за победа на Лидс.