Кристијан Гарин за првпат во кариерата ќе игра четвртфинале на Вимблдон откако денеска во луд меч и невиден маратон од над 4 и пол часа го победи Алекс де Минаур со 3:2 во сетови.
За Чилеанецот сè изгледаше загубено по првите два сета, што ги доби Де Минаур со 6:2 и 7:5, а кога поведе и со 3:1 во тајбрејкот во третиот сет, изгледаше дека Австралиецот ќе слави убедлива победа од 3:0.
Но, тогаш се случи огромен пресврт и Гарин со серија од 6:0 во поени го доби тај-брејкот, намали на 1:2 и потоа приреди голем подвиг.
Чилеанецот правеше паради на теренот, освојуваше неверојатни поени и го комплетира пресвртот со 6:4, 7:6 во последните два сета за голема победа на Вимблдон.
Chile's Cristian Garin turns into Superman to save his Wimbledon fourth round match against Alex de Minaur.pic.twitter.com/InIt8pillX
— Sam Street (@samstreetwrites) July 4, 2022
Гарин и лани играше во четвртото коло на Вимблдон, но загуби од шампионот Новак Ѓоковиќ, а сега за првпат во кариерата ќе игра гренслем четвртфинале и Чиле ќе има свој претставник меѓу осумте најдобри во Лондон по пауза од 17 години.
Ривал за полуфинале на Гарин ќе му биде победникот од дуелот меѓу Ник Кирјос и Брендон Накашима, кој е во тек.
Кирјос води со 2:1 во сетови, па сосема е реално уште еден Австралиец да му биде ривал на Гарин на ова издание на Вимблдон.