Бразил и Хрватска ќе мора по изведување на пенали да решат која ќе биде првата селекција што ќе обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство. Во неверојатен меч, по 120 минути игра беше 1:1, откако по регуларните 90 немаше погодоци.
Бразил постојано напаѓаше, Хрватска се бранеше, а Ливаковиќ имаше девет успешни одбрани, за да во 105 минута Нејмар даде гол за водство на Бразил од 1:0. По двојно додавање со Пакета, Нејмар го матираше Ливаковиќ и донесе радост за Бразил.
За Нејмар ова беше 77 погодок во бразилската репрезентација со што се изрмани со легендарниот Пеле, кој повеќе од 50 години беше неприкосновен во оваа категорија.
И покрај примениот гол, Хрватска не се предаде и во второто продолжение со голот на Бруно Петковиќ во 117 минута стигна до 1:1 и се избори за изведување на пенали.