Луд меч со шест гола на Њукасл и Манчестер сити, Сане, Мане, Коман го комираа Бохум со седмица (Видео)

Два неверијатни дуели се одиграа во Англија и во Германија во терминот од 17.30 часот, а шампионите на овие земји минаа сосема различно.

Манчестер сити кој е актуелен првак на Англија се спасуваше од пораз против Њукасл, откако на „Сент Џејмс парк“ имаше негатива од 3:1, но успеа да освои бод со реми 3:3.

Баерн сосема спротивно сурово му се реваншираше на Бохум за ланскиот пораз на „Воновија“ стадионот и го декласираше ривалот со 7:0.

Англискиот меч беше многу понеизвесен, а Њукасл направи пресврт во првото полувреме, иако гостите поведоа со голот на Гундоган во петтата минута.

Со головите на Алмирон и на Вилсон, домаќините водеа со 2:1 по 45 минути игра.

Потоа и Кјеран Трипие погоди и тоа фантастично од слободен удар во 54. минута и Њукасл беше на прагот на подвиг, но не успеа да победи.

Трипие по голот беше исклучен за старт над Де Бројне, но судијата со помош на ВАР системот ја смени одлуката и му покажа само жолт картон, а Сити израмни со головите на Халанд и на Силва.

Баерн убедливо го декласира Бохум, а голови даваа Сане, Мане два, Коман, Де Лихт, Гнабри, а автогол си даде Гамбоа.

Коман имаше и две асистенции, а Баерн со предноста од 4:0 по првиот дел постави нов германски рекорд со вкупно 11 гола во првите полувремиња на стартните три меча во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести