Луд меч со три црвени картони, еден поништен гол и погодок за пресврт во 88-мата минута

Гранада со 2:1 ја победи Валенсија во меч од 16-тото коло на шпанската Примера дивисион и ја продолжи агонијата на гостите. Валенсија одлично го почна дуелот и поведе со погодокот на Гамеиро во 36-тата минута, но Гранада не се предаде. Во 45+3 минута Кенеди погоди за 1:1 на полувремето, а на домаќините им беше и поништен еден гол во првото полувреме поради фаул.

Во вториот дел двете екипи беа настроени за војна. Тоа доведе и да има дури три црвени картони. Жасон беше исклучен во 70-тата, а Гудес во 73-тата минута, па Валенсија остана со двајца играчи помалку. Кај Гранада беше исклучен Дуарте во 76-тата минута, но домаќините останаа со фудбалер повеќе и тоа го искористија со погодок во 88-мата минута за победа од 2:1.

Валенсија остана само со 15 освоени бода од 16 кола, што е повторување на очајната сезона од пред 23 години, кога последен пат Лилјаците имале толку малку бодови во оваа фаза од првенството.

https://youtu.be/qDJ-igAd37A

 

- Оглас -

Најнови вести