Луд меч во Алмати – Два промашени пенали и пет гола, за предност на Македонија од 4:1

Трилер-меч со многу возбудувања, два промашени пенали и четири гола по еден час игра се случија во Алмати на мечот меѓу Казахстан и Македонија за играчи до 21 година.

Со головите на Јани Атанасов и два на Дарко Чурлинов Македонија води со 4:1, а домаќините имаат и еден играч помалку по исклучувањето на Омиртаев.

Атанасов промаши пенал во 41-вата минута, но одбиената топка ја смести во мрежата на домаќините за предност на Македонија од 2:0, откако само 180 секунди претходно Чурлинов беше прецизен.

Истиот играч со гол во 48-мата минута ни донесе предност од 3:0, но Казахстан најпрво намали со голот на Омиртаев во 52-рата минута, а две минути подоцна пенал промаши Шушеначев.

Потоа исклучен беше Омиртаев во возбудливите почетни 10 минути од второто полувреме, а казни Митровски по асистенцијата на Чурлинов.

Македонија со победа ќе биде втора со 13 бода на три меча до крајот на натпреварите во нашата група.

Второто место носи директен пласман на ЕП следната година, но само за петте најдоброрангирани селекции од сите 9 групи.

- Оглас -

Најнови вести