8.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Луд меч во Бергамо: Аталанта со гол од пенал во 90+8 минута се пласираше во осминафиналето на ЛШ (Видео)

Аталанта ќе игра во осминафиналето на Лига на шампиони, откако во неверојатен меч со 4:1 ја победи Борусија Дортмунд. Оваа победа беше доволна за италијанскиот тим да ја анулира негативата од 0:2 по првиот меч во Дортмунд и останува понатаму во Лига на шампиони соп вкупна победа од 4:3.

Аталанта одлично го отвори мечот и по само пет минути поведе со голот на Скамака. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Во последната минута од првото полувреме Запакоста зголеми на 2:0 и со тоа ја анулираше негативата на Борусија од првиот меч во Дортмунд. Вториот погодок на Аталанта може да го видите ТУКА.

На почетокот од второто полувреме Пашалиќ погоди за 3:0, а Адејеми намали на 3:1 во 75 минута. По тој погодок на гостите, вкупниот резултат беше 3:3.

Потоа, двете екипи тактизираа не сакаа да згрешат а буквално во последните моменти од средбата се случи токму тоа. Голманот на Борусија Кобел направи голема грешка при додавањето, а потоа Бенсебаини направи фаул за пенал.

Лазар Самарџиќ беше херојот на Аталанта постгнувајќи гол од пенал за 4:1. Веднаш по тој гол, судијата означи крај на средбата. Фаулот за пеналот и голот за победа од 4:1 може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести