30.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Луд меч во Франкфурт: Седум гола и изненадувачка победа на гостите (Видео)

Екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Унион Берлин одиграа неверојатен меч на кој беа постигнати седум гола, а победата на крајот им припадна на гостите.

Унион Берлин славеше со 3-4, но лесно можеше да ја испуштат победата, иако имаа водство и од 1-4. Гостите уште во првиот дел ја најавија победата и поведоа со 0-2, но Браун во четвртата минута од судиското продолжение на првиот дел намали на 1-2.

За само десеттина минути во вториот дел, Унион Берлин дојде до предност од 1-4, а шкотскиот интернационалец, Бурке, успеа да дојде до хет-трик. Сепак, кога сите мислеа дека гостите лесно ќе дојдат до победата, домашните со голови во 80-тата и во 87-мата минута намалија на 3-4 и внесоа драма во финишот.

Сепак, трите минути од регуларното време, но и десетте минути од продолжението не им беа доволни да се спасат од поразот, иако пред мечот ја имаа фаворитската улога.

- Оглас -

Најнови вести