Барселона минимално со 1:0 славеше над Мајорка во меч од 33-тото коло на шпанското првенство. Со оваа победа каталонскиот гигант се зацврсти на чело на табелата и сега има 76 бода, седум повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, кого за помалку од 24 часа го чека дуел против Хетафе.
Домашниот тим доминираше на теренот, но на крајот победи само со еден постигнат гол. Клучниот момент беше на почетокот од второто полувреме. Во првиот напад од второто полувреме, Дани Олмо одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и постигна гол, кој на крајот се покажа како единствен и доволен за триумф на фаворитот.
Погодокот на Олмо може да го видите ТУКА.
Интересно е дека Барселона испрати неверојатни 40 шута кон голот на гостите, а голманот Лео Роман имаше 13 одбрани.