Луд меч во Северна Ирска со 10 гола и еден покер

Институте и Клифтонвил одиграа луд меч со дури 10 погодоци, а блескаа Мајкл МекКраден и Џои МекКрејди кај домаќините и Рори Донели кај гостинскиот тим.

Мечот од шампионатот на Северна Ирска заврши со победа на Институте од 6:4 и со четири погодоци на МекКраден. За да се освојат бодовите му помогна МекКрејди со два гола.

На спротивната страна се беше во знакот на играчите со исто презиме Донели. Гери Донели го постигна првиот гол за Клифтонвил, а потоа Рори Донели двапати погоди, за нивна жал без ефект, бидејќи гостите имаа сили само да израмнат на 3:3, но не и да освојат барем еден бод.

Домаќините посебно ќе ја паметат победата, за нив прва против Клифтонвил од 2004 година. Клифтонвил имаше серија од 16 натпревари без пораз од денешниот ривал, но таа неверојатна низа е прекината денеска на „Брендивел“ стадионот.

- Оглас -

Најнови вести