Луд меч во Торино, Имобиле и Каиседо во фото-финиш го претркаа судијата (Видео)

Чиро Имобиле и Фелипе Каиседо беа побрзи од последниот свиреж на судијата Чифи во Торино и со голови во 95. и во 98. минута направија чудесен пресврт за победа на Лацио против Торино со 4:3.

Главниот арбитар се подготвуваше да свири крај на истекот од петтата минута од продолжението, но мораше најпрво да досуди пенал за гостите.

Прецизен беше Чиро Имобиле од вториот пенал на мечот за гостите, а веднаш потоа Каиседо го претрка судијата со победнички гол во 98. минута.

Претходно Лацио поведе со голот на Переира, но потоа двапати Торино водеше со 2:1 и со 3:2, со погодоци на Бремер, Белоти од пенал и на Лукиќ во самиот финиш.

Сепак гостите беа упорни и прецизни и со головите на Переира, Милинковиќ-Савиќ и на Имобиле и Каиседо славеа со 4:3.

- Оглас -

Најнови вести