Луд потег на голманот причина за нов пораз на шампионот кој сега е пред испаѓање (Видео)

Легија Варшава е актуелен шампион на Полска, но сезонава екипата игра очајно. Клубот кој ги има едни од најдобрите навивачи во Европа, денеска на свој терен загуби од Варта, во меч на две екипи кои беа во зоната за испаѓање.

Полскиот гигант загуби поради непромислена грешка на голманот. Искусниот Аутур Боруц е најскап во составот на Легија, а во 75 минута направи порег поради кој неговиот тим загуби.

По една освоена топка, Боруц со бокс удри еден противнички играч. Стигна сигнализација од ВАР системот, а судијата откако ја прегледа снимката, одлучи дека Боруц заслужува црвен картон, а гостите добија пенал, кој го реализираа и тоа беше доволно за победа од 1:0.

Со овие три бода, Варта стигна до 20 бодови и избега од зоната за испаѓање, додека Легија остана на 18 бодови и е на претпоследното место на табелата по 20 одиграни меча.

- Оглас -

Најнови вести