Луд пресврт на Лидс, Сити во последен момент славеше дома против Фулам!

Манчестер сити со 2-1 го победи Фулам во меч од Премиер лигата, а победничкиот гол на Ерлинг Халанд падна дури во 95-та минута и тоа од пенал, па Граѓаните привремено го презедоа првото место на табелата.

Актуелниот англиски првак уште од 26-та минута имаше човек помалку, исклучен беше Жоао Кансело. Халанд во игра влезе во 64-та минута и најпрвин даде еден гол кој му беше поништен, а во финишот погоди од белата точка за голема радост.

Шоу имаше и во Лидс, каде што домашните до 60-ма минута губеа со 1-3 од Борнмут, а на крај славеа со 4-3.

- Оглас -

Најнови вести