Унион Берлин и Бохум одиграа 1:1 во меч од 14. коло на Бундеслигата, а во завршницата се случи нешто што не е вообичаено. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а Унион Берлин на свој терен, иако имаше играч повеќе повеќе од 80 минути, не успеа да погоди.
Во финишот на средбата, поточно во судиското надополнување, од трибините беше фрлена запалка која го погоди гостинскиот голман Патрик Друес и го повреди.
Unfassbare Szene. Bochums Torwart Drewes wird von einem Gegenstand aus der Union-Kurve getroffen, geht zu Boden und muss lange behandelt werden. Beide Mannschaften verschwinden in der Kabine. Offen, wie es weitergeht. Bochums Fans skandieren „Auswärtssieg“.#MeinVfL #FCUBOC pic.twitter.com/sJVHSXU54Q
— Max Backhaus (@m_bocuse) December 14, 2024
Судијата веднаш го прекина мечот. Голманот на Бохум беше повреден и не можеше да продолжи. По долг прекин, судијата заедно со фудбалерите на двата тима решија да се вратат на теренот, но во последните неколку минути кои останаа, да не напаѓаат.
Тоа беше како соломонско решение затоа што како голман на Бохум застана Филип Хофман, кој е напаѓач. Играчите само си ја додаваа топката и чекаа судијата да означи крај на овој меч со необичен финиш и конечен резултат 1:1.
Das Bundesliga-Spiel des VfL Bochum bei Union Berlin ist von einem Treffer eines Feuerzeugs am Kopf von Gäste-Torhüter Patrick Drewes überschattet worden. 🚨
ℹ️ Der Schlussmann des Tabellenletzten musste nach dem Vorfall behandelt und in die Kabine gebracht werden.… pic.twitter.com/7J8cRKGjYW
— Sky Sport (@SkySportDE) December 14, 2024