Луд расплет на СП во слалом: победи ветеран кој беше дури 16-ти по првата трка, Грк освои сребрен медал!

Хенрик Кристоферсен од Норвешка е светски првак во скијачката дисциплина слалом, откако денеска на сензационален начин дојде до златото. Кристоферсен беше дури 16-ти по првото возење, но беше фантастичен во втората трка и успеа да напредува за неверојатни 15 места и да се закити со златото.

Да биде трката уште посензационална, се погрижи и Гркот Александрос Јоанис Гинис, кој со стартен број 24 го освои второто место. Ова сребро е прв медал за Грција на СП во некој од зимските спортови.

Гинис кој има 28 години, е роден во Грција, а потоа како 12-годишен се има преселено во Австрија, потоа живеел и во САД, мајката и сопругата му се Американки.

Изненадување има и на третото место, бронза освои Италијанецот Алекс Винацер кој истотака не беше во првиот ред на фаворити.

- Оглас -

Најнови вести