Луд скок: Словенецот ја прелета скокалницата (Видео)

Словенечкиот ски скокач Тими Зајц имаше неверојатен скок на натпреварувањето во мешата репрезентација, на ски скокалницата во Вилинген, Германија. Потпомогнат од силниот ветер, Зајц успеа да прескокне 161,5 метри, што е далеку повеќе од тоа што го нуди оваа скокалница, поставувајќи апсолутен рекорд.

По овој неверојатен скок, Зајц не успеа стабилно да доскокне, па падна и го повреди коленото. За среќа, не се работи за посериозна повреда.

- Оглас -

Најнови вести